Волкановски: На Топурија му треба лекција, ќе му ја дадам!

Борбата за титула во перолесна категорија во ултимејт фајт помеѓу Александар Волкановски и Илија Топурија ќе се одржи ноќта помеѓу 17-ти и 18-ти февруари 2024 година во Лос Анџелес на УФЦ 298 настанот.

Ова е потврдено, само не се знае во која сала ќе биде спектаклот, бидејќи главната сала „Crypto.com“ арена во Лос Анџелес во која се играат и НБА и НХЛ мечеви, ќе биде зафатена од натпревари во родео.

За Топурија тоа ќе биде 15-та борба во кариерата, а досега нема пораз, ги доби сите 14 дуели. Волкановски го брани појасот и најавува победа.

„Топурија е млад, силен, комплетен борец, нема пораз и има голема самодоверба после мојот пораз од Махачев. Но, многу ‘лета‘ му треба лекција за скромност и понизност, среќен сум што јас ќе бидам тој што ќе му ја даде таа лекција. На него и на критичарите ќе им покажам зошто толку долго време сум шампион во оваа категорија, одвај чекам“ – изјави Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести