Ултимејт фајт борецот Александер Волкановски, кој е шампион во перолесна категорија, за време на посетата на Зоолошката градина во Абу Даби си ги измери силите во дуел со лав.
Австралиецот со македонско потекло се испроба во влечење на јаже, а против себе имаше опасен ривал од друга категорија и со многу моќна вилица.
Кралот на животните беше посилен, извојува лесна победа, па Волкановски мораше да го почести лавот со едно парче месо.