Волкот од Гостивар се повреди, нема да настапи на „Бај арена“

Адмир Мехмеди нема да игра за Волфсбург против Баер Леверкузен на „Бај арена“ во Леверкузен, утре од 20.30 часот во меч од 28. коло во Бундеслигата.

Игачот на популарните Волци, кој е роден во Гостивар ја повреди ахиловата тетива на дуелот со Борусија Дортмунд и не оптатува за Леверкузен со соиграчите.

Тоа е голем удар за амбициите на Волфсбург да изненади на „Бај арена“ и да се обиде да освои значајни бодови на патот кон Европа.

Мехмеди е стандарден член на првата постава на Волфсбург и сезонава постигна два гола, зачинети и со две асистенции. Гостите имаат и дополнителни проблеми, па тренерот Оливер Гласнер нема да може да смета и на уште шестмина фудбалери.

Отустни покрај Мехмеди ќе бидат и Герхард, Отавио, Гулавоги, Вилијам, Карамоко и веројатно и Камачо. Волфсбург има една победа и пораз откако се рестартираше Бундеслигата.

 

- Оглас -

Најнови вести