Лионел Меси уште еднаш потврди дека е волшебникот од „Камп ноу“ и со маестрална партија фудбал ја предводеше Барселона до нова победа, вечерва со 5:1 против Валјадолид.
Постигна два гола, а првиот беше магичен и со двоен јубилеј. Од слободен удар во 34-тата минута даде еврогол, што не можеше да го брани Масип, а тоа му е 100-ти гол надвор од шеснаесетник и вкупно 50-ти од слободен удар.
Потоа даде уште еден гол, а со него во листата на стрелците се запишаа и Ленгле, Видал и Луис Суарес.
Почесен гол за Валјадолид даде Кико во 15-тата минута, во тој момент за израмнување на 1:1. Со петтата победа по ред, Каталонците се лидери на табелата со 22 бода од 10 меча, а Валјадолид остана на деветтото место со меч повеќе.