5.8 C
Skopje
понеделник, 3 ноември 2025

Волците го избркаа тренерот и тоа само 45 дена откако му дадоа нов договор

Нова тренерска смена се случи во англиската Премиер лига. Отказ доби Витор Переира, стратегот кој го предводеше тимот на Вулверхемптон Вондерерс.

Популарните Волци се на дното на табелата без победи по 10 натпревари и само два бода, па се главни фаворити за испаѓање од елитното друштво. Интересно е дека Переира доби нов договор пред 45 дена, а сега се збогува со клубот.

Во последното коло Вулверхемптон загуби со 0-3 од Фулам, што „ја прели чашата“ и дојде крај на трпението на раководството. Навивачите го испратија Переира со скандирања „Ќе бидете отпуштени наутро!“ и тоа е она што се случи.

Португалецот го презеде тимот во декември 2024 година, а потоа успеа да го стабилизира, и иако тимот заврши на 16-то место, беше 17 бода над зоната за испаѓање.

„Витор и неговиот тим работеа напорно и го надминавме тешкиот период минатата сезона, за што сме благодарни. За жал, сепак, почетокот на оваа сезона беше разочарувачки и, и покрај нашата желба да му дадеме време на тренерот, стигнавме до точка каде што е потребна промена“, рече извршниот претседател Џеф Ши.

Се зборува дека „Волците“ би можеле да се свртат кон поранешниот тренер Гари О’Нил, но се дискутираат и други имиња.

- Оглас -

Најнови вести