Волците од Вулверхемптон го заборавија Тео Волкот во 58-мата минута, а искусниот напаѓач ја затресе мрежата на домашниот тим и му донесе предност на Саутхемптон, но, сепак, мечот заврши без победник.
За реми 1:1 се погрижи Педро Нето со погодок во 75-тата минута на мечот што беше последен од деветтото коло во Премиер лигата.
Саутхемптон ја продолжи импресивната серија од шест меча без пораз, а успехот и бодот на „Молињу“ е уште позначаен ако се знае дека го освоија без најдобриот стрелец Дани Ингс.
https://twitter.com/noob_fcb/status/1330984579180728320?s=20
Интересно е што Волкот, кој порано играше за Саутхемптон, го постигна првиот гол за Светците од декември 2005, или по пауза од цели 15 години.
https://twitter.com/Jotafanss/status/1330988300920893441?s=20
Во ист термин вечерва од 21 час се одигра и последниот дуел од шпанската Ла Лига меѓу Атлетик и Бетис, а домаќините славеа убедливо со 4:0.