Волците ја гризнаа Астон Вила за крај на лошата серија

Вулверхемптон стави крај на лошата серија од четири последовни порази во Премиер лигата и на домашен терен ја совлада Астон Вила со 2-0. Тоа е важен триумф за Волците, кои сега се искачија над опасната зона на табелата со 19 бода.

Жан-Рикнер Белегар во 12-та минута успеа да ја затресе мрежата на Астон Вила, а тоа на крајот се покажа доволно за освојување на значајни три бода. Во 97-та минута Матеус Куња го потврди триумфот.

Астон Вила по овој пораз се наоѓа на осмото место со 37 бода.

- Оглас -

Најнови вести