Волците ќе ги изедат ранетите „чавки“ на Бенитес

Вулверхемптон – Њукасл (21 часот)

На средбата со која ќе се затвори 26-тото коло во Премиер лигата се очекува триумф на домаќините за да ја продолжат побендичката низа од четири меча. Избраниците на Нуно Еспирито Санто се фаворити во претстојниот дуел против „чавките“ на Бенитес, играат на домашен терен, а и според табелата јасно е која екипа е поквалитетна.

Волците се на седмото место, со евентуален триумф ќе дојдат на само 9 бода од шестопласираниот Челзи. Њукасл пак, до крајот на првенството ќе води тешка битка за опстанок, а зазсега се 17-ти со ист број на бодови како и Саутхемптон (24), но подобра гол – разлика. Домаќините ќе имаат можност да остварат двојна победа над Њукасл сезонава, откако во септември славеа на „Сент Џејмс парк“ со конечни 2-1.

Предлог тип: 1X & ГГ (2.60) – квота на денот

 

Алавес – Леванте (21 часот)

Можеби звучи чудно, но Алавес сезонава има само еден пораз на домашен терен, го претрпе од Рајо Валјекано со минимални 1-0 пред две кола. Едно од попријатните изненадувања во Ла Лига сезонава периодов се соочува со големи проблеми, особено откако нанижаа три порази во шампионатот.

Леванте во септември минатата година за првпат во седум средби го совлада Алавес, а денешните домаќини ќе имаат прилика да се вратат на победнички патеки, но и да се реваншираат на екипата од Валенсија.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.15) – квота на денот

 

Сетубал – Белененсес (21:15 часот)

Од април 2016 година Белененсес нема остварено триумф против Сетубал во португалскиот шампионат, а тогаш како гости освоија три бода со минимални 1-0. И денес се во таква улога, меѓутоа нивната форма не гарантира дека токму сега ќе заврши овој пост. Три натпревари се без позитивен резултат, после нанижаните порази од Порто и Мориеренсе тешко е да се најде мотивација.

Но, за нивна среќа, Сетубал е во очајна форма. Пет порази и четири ремија на последните девет првенствени средбди го прават домаќинот ранлив.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.30) – квота на денот

 

Брест – Оксер (20:45 часот)

Брест има голема желба по шест години да се врати во француската елита, а сезонава имаа најголеми шанси да го остварат тоа. По 23 меча во Лига 2, Брест е на второто место со 46 бода, место кое гарантира промоција меѓу „големите“

Речиси секогаш наоѓаат решение против Оксер, Брест има три победи, едно реми и еден пораз во последните пет меѓусебни средби против екипата со која вечерва ќе се соочи, на кои само еднаш се постигнале повеќе од три гола.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.50)

 

Хамбургер СВ  – Динамо Дрезден (20:30 часот)

Хамбургер најавува експресно враќање во Бундеслигата,  засега се покажа дека не припаѓа во „Цвајта“. Лидерот на табелата по втор пат ќе се пресмета со Динамо од Дрезден, откако при првата средба славеше со минимални 1-0. Воедно ќе можат да ја поправат формата откако претрпеа два порази во последните пет кола.

Преглод тип: 1 & 1+I 1+II (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести