Франсиско Тринкао е нов член на Вулверхемптон и ќе игра за популарните Волци како позајмен играч од Барселона. Португалецот стана вишок во Барса по доаѓањето на Мемфис Депај, и откако Ансу Фати се рехабилитираше по повредата и сака поголема минутажа, па ја прифати понудата на англискиот премиерлигаш.
Тринкао минатото лето ја засили Барселона со трансфер од Брага вреден 31 милиони евра, одигра 43 натпревари и постигна три гола, но не беше во преден план кај Роналд Куман.
Договорот меѓу Волците и Каталонците е откупната клаузула за Тринкао да биде 29 милиони евра, ако Вулверхемптон сака да го откупи договорот со Барселона.
https://twitter.com/Wolves/status/1411610482881011713?s=20
Лани во летниот преоден рок англискиот клуб го купи Нелсон Семедо од Барселона, па веќе станува традиција двата клуба да соработуваат.