„Волците“ за 20 минути го „изедоа“ Тотенхем (Видео)

Тотенхем направи голем во трката за титулата во Премиер лигата, откако на свој терен загуби со 1:3 од Вулверхемптон, во меч од 20 коло. Поразот на лондонскиот тим е уште поизненадувачки, ако се знае дека на полувремето, домаќините имаа предност од 1:0.

Хари Кејн даде прекрасен гол во 22 минута за водство на Тотенхем и делуваше дека фаворитот е на вистински пат да стигне до нови три бода. Се беше мирно на „Вембли“ во резултатска смисла, се до 72 минута.

Тогаш, на асистенција на Мутињо, Боли погоди за 1:1. Целосниот пресврт на гостите беше потврден со два голови во последните 10 минути од средбата. Хименез донесе водство за „волците“ од 2:1 во 83 минута, а во 87-та минута веќе беше 3:1 за Вулверхемптон.

Резултати: Брајтон – Евертон 1:0, Фулам – Хадерсфилд 1:0, Лестер – Кардиф 0:0, Тотенхем – Вулверхемптон 1:3, Ватфорд – Њукасл 1:1. Во 18:30 часот ќе играат Ливерпул – Арсенал.

https://youtu.be/SErFiqw3SqU

- Оглас -

Најнови вести