10.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Вон Алмен е нов олимписки шампион во спуст, радост и за Италијанците

Швајцарецот Фрањо вон Алмен е скијачки олимписки шампион во спуст. Вон Алмен имаше најбрзо време во трката во една од најатрактивните дисциплини и на крајот победи со една минута 51 секунди и 61 стотинки. Со оваа победа на 24-годишниот Вон Алмен, Швајцарците само ја продолжија доминацијата во спуст на ЗОИ. За нив ова е петто олимписки злато, а имаат и по пет сребрени и уште толку бронзени медали.

Со оваа победа, Вон Алмен ги обедини светската и олимписката круна. На оваа спуст трка, радост имаше и за домашните навивачи, затоа што второто и третото го освоија Италијанци. Сребото заврши на градите на Џовани Францони кој заостана 20 стотинки зад победникот, додека третото место му припадна на Доминик Парис кој имаше 50 стотинки послабо време од победникот.

Швајцарците иако освоија злато, на крајот се разочарани затоа што Марко Одермат и Алексис Моне завршија на четвртото и петото место.

 

- Оглас -

Најнови вести