Вондроушова испиша историја, триумфираше на Вимблдон

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова е победничка на Гренд слем турнирот на Вимблдон. Вондроушова во финалето со 2:0 во сетови ја победи Унс Џабир од Тунис. За 42-та тенисерка на ВТА листата ова е прв Гренд слем трофеј во кариерата. Претходно имаше едно финале на Ролан Гарос во 2019 година кое го загуби, за сега сепак да стигне до трофејот.

Според квотите во обложувалниците, Вондроушова не беше фаворитка, но успеа да стигне до најголемиот успех. Во првиот сет Џабер поведе со 2:0 во гејмови, потоа и со 4:2, но потоа следуваше шоу на Вондроушова. Чешката тенисерка освои четири гејма по ред и го доби првиот сет со 6:4.

Во вториот сет имахе два брејка на двете страни, па резултатот беше 4:4. Во клучниот гејм Вондроушова успеа да направи нов брејк и да поведе со 5:4, а потоа на свој сервис стигна до 6:4 и победа на најважниот трофеј во кариерата на Вондроушова.

За победничката ова беше петто учество на Вимблдон и во претходните четири имаше само една победа, а овојпат успеа да наниже седум триумфи во низа и да стигне до историски успех.

- Оглас -

Најнови вести