Домаќините се фаворити на хартија на сите пет денешни натпревари од првата македонска фудбалска лига. За петте кеца заедно, вкупната квота е речиси 5.00.
Струга Трим Лум со победа против Тиквеш ќе го одбрани првото место, а кикс на стружани чека Шкендија, која има само три бода помалку од лидерот, но тетовци имаат и потенцијално незгоден меч против четвртиот Силекс.
Голем фаворит за победа е и актуелниот првак Шкупи, кој ја пречекува Брегалница, чист кец треба да биде Академија Пандев против прилепска Победа. Струмичани се борат за опстанок и мора да победат за да не стравуваат за прволигашкиот статус.
Во непријатна позиција е Скопје, на коjшто му се заканува бараж против третиот од втората лига. Тимот од Автокоманда гостува кај финалистот на Купот, Македонија Ѓорче Петров, а на овој меч квотата за единица е најголема од сите пет денешни.