Вонредното прволигашко коло носи неколку дерби средби

Попладнево од 13:00 часот се игра 17-то коло од првата македонска фудбалска лига, а на истото има неколку дерби натпревари.

Најжестоко ќе биде во Чаир каде што ќе се сретнат екипите на Шкупи и Шкендија.

Актуелниот лидер, или како што се вели во Македонија, есенскиот првак ќе се обиде да му докаже на актуелниот дека е време да го препушти тронот.

Академија Пандев, пак, ќе гостува на незгодниот терен во Ѓорче каде што за опонент ја има Македонија.

Работнички ќе бара излез од резултатската криза против Брегалница, а квотата во Sport Life за победа на „романтичарите“ изнесува 3.45.

- Оглас -

Најнови вести