Матео Беретини успеа да спречи комплетен пресврт на Гаел Монфис и во еден од најубавите мачеви на Отвореното првенство на Австралија победи со 3:2 во сетови за пласман во полуфиналето.
Италијанскиот тенисер лесно поведе со 2:0 во сетови, и тоа на идентичен начин со 6:4, но потоа се разигра Монфис.
Во неговиот препознатлив стил со атрактивна игра и поени, францускиот ас ги доби следните два сета со по 6:3 и израмни на 2:2.
Сепак, Монфис, кој веќе има 35 години, немаше сили за комплетен пресврт, па Беретини го доби решавачкиот сет со 6:2 и победи во маратонски меч што траеше цели 4 часа.
https://twitter.com/AustralianOpen/status/1485918400098541573?s=20
Беретини кончено по повеќе од две години ќе има шанса да му се реваншира на Рафаел Надал за поразот во финалето на Отвореното првенство на САД во 2019 година.
Тоа досега им е единствениот меѓусебен меч што го доби Шпанецот со 7:6, 6:4, 6:1 и ја освои титулата во Њујорк.