Чешката тенисерка, Рената Ворачова остана без визата во Австралија, откако успеа да влезе благодарение на тоа дека го прележала Ковид-19 изминатиот месец.
Таа дури одигра и турнир на тлото на оваа држава како дел од подготовките за ОП на Австралија.
„Сето ова ми се случува поради ситуацијата со Новак Ѓоковиќ, а кога ми ја одземаа се чувствував пхихички навистина лошо.
Мислев дека мене не може сето тоа да ми се случи, но ете. Сега сум во карантин и добро се чувствувам“ изјави Ворачова.
Денеска ќе се знае и конечната одлука дали на Новак ќе му се дозволи настап на ОП на Австралија.