Детроит пистонс – Атланта хокс (кошарка, НБА, 01.00 часот)
Клиповите синоќа со победа ја почнаа сезоната, додека за Јастребите ова е прв натпревар во регуларната сезона. Иако главниот играч на Детроит, Блејк Грифин, е повреден, тие и без него ја победија Индијана и ќе се обидат да ја израдуваат домашната публика. Пистонс имаше подобри резултати од Атланта во подготвителниот период, а последните три меѓусебни дуели на овие тимови ги добиваше тимот кој беше гостин, но тоа можеби ќе заврши.
Предлог тип: 1 (2.00)
Хјустон рокитс – Милвоки бакс (кошарка, НБА, 02.00 часот)
Ова е пресметка на два тима кои имаат амбиции да станат шампиони и првпат ќе играат сезонава, па мотивите се големи. Рокитс, засилен со Расел Вестбрук, може секого да победи, а Бакс во своите редови го има Јанис Адетокумбо, кој повторно важи за главен кандидат за признанието најкорисен играч во Лигата. Милвоки ги доби сите пет пријателски мечеви кои ги играше во претсезоната, а славеше и во двата дуела со Рокитс во минатата сезона. Џејмс Харден ќе сака да покаже кој е шеф во Хјустон и прогнозираме дека ќе даде над 32 поени.
Предлог тип: Харден >32.5 (1.87)
Голден стејт вориорс – Лос Анџелес клиперс (кошарка, НБА, 04.30 часот)
Ова е историски меч бидејќи Вориорс за првпат ќе игра како домаќин во „Чејс центарот“ во Сан Франциско. За Голден стејт ќе биде чудно чувството, ќе им треба време да се навикнат, но сигурно ќе имаат огромна поддрша во дербито на Калифорнија. Клиперс, предводени од Кавај Ленард, славеа во градското дерби против Лејкерс и најавија дека имаат тим за највисоки дострели. Затоа и квотата за двојка е помала од единицата. Голден стејт е без повредениот Клеј Томпсон, а кај Клиперс го нема Пол Џорџ.
Предлог тип: > 223.5 (1.88)
Њујорк ренџерс – Бафало сејбрс (хокеј, НХЛ-лига, 01.00 часот)
Ренџерите имаат пет порази по ред и се наоѓаат на претпоследното место на Истокот, додека Бафало е лидер на Истокот и има четири победи на последните пет натпревари. Гледано според формата на тимовите, гостите се во голема предност, но традицијата го фаворизира Њујорк, кој славеше во четири од последните пет соочувања на овие тимови. Сејбрс губеше на последните три гостувања во Големото јаболко.
Предлог тип: <6.50 (1.75)
Едмонтон ојлерс – Вашингтон капиталс (хокеј, НХЛ-лига, 03.00 часот)
Ова е дерби на вечерта во НХЛ бидејќи играат второпласираниот од Западот против вториот на Истокот. Едмонтон на последните два меча не успеа да даде гол и загуби, додека Вашингтон има низа од четири победи по ред, а на овие четири меча даваше 4 или 5 гола. Ојлерс дома се опасни, имаат четири триумфи по ред, но и Капиталс се незгодни гости. Ова им е прв меѓусебен дуел во 2019 година, а од 2009 наваму победуваат едните, па другите. Редот сега да победи му е на тимот од главниот град на САД.
Предлог тип: 2 (2.20)