МЗТ Скопје Аеродром и Гостивар одиграа интересен натпревар во „Јане Сандански“ во кој домашните славеа со 78-75, а гостинскиот плејмејкер Ејасу Ворку направи трипл-дабл, нешто што ретко се гледа на паркетите во Македонија.
За МЗТ ова е седма победа по ред, имаат и еден пораз, додека гостиварци сега се на скор 5-3.
Најзаслужни за победата на Металците беа Вер и Крстевски со по 19 поени, а важни поени од линијата за слободни фрлања во самата завршница даде Дамјан Стојановски. Кај Гостивар, Ворку имаше 23 поени, 11 скока и 11 асистенции.