Воска го искористи ремито на Вардар и му избега на три бода пред меѓусебната пресметка идната недела

Вчерашното реми во дербито на 24-то коло во Втората фудбалска лига меѓу Вардар и Гостивар, денеска го искористи Воска спорт да им избега на Црвено-црните на лидерската позиција на табелата.

Воска како гостин славеше со 4:0 кај Тетекс. Головите за лидерот на табелата ги постигнаа Чилафи и Рамадани во првото полувреме и Јашаровски и Муча во вториот дел.

Со новите три бода, Воска сега има 59 бодови, три повеќе од Вардар, додека Гостивар е трет со 55 освоени бодови.

Следното коло кое ќе се игра идната недела, Воска на домашен терен ќе го пречека Вардар во дербито на колото.

Резултати:
Пелистер – Борец 4:0
Беласица – Слога Виница 2:3
Арсими –  Каменица Сасан 2:1
Детонит – Караорман 0:0
Охрид – Локомотива 1:1
Тетекст – Воска Спорт 0:4
Кожуф – Беса 2:0
Вардар – Гостивар 0:0

- Оглас -

Најнови вести