Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите Воска Спорт и Гостивар поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ. Казнети се парично, исфрлени во најнизок ранг, но следната сезона нема да смеат да се натпреваруваат.
Во одлуките на Дисциплинската комисија на ФФМ се вели:
Воска Спорт се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во ПМФЛ.
За неодигрување на натпреварот од 30. коло, Воска Спорт добива казна, одземање на дополнителни девет бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра
Гостивар се казнува со одземање на девет бодови и парична казна во износ од 25.000 евра за неодигрување на натпреварот од 30. коло, како и со идентична казна за неодигрување на натпреварот од 31. коло во ПМФЛ
По правосилноста на овие одлуки, екипите на Воска Спорт и Гостивар ќе бидат исфрлени во најнизок ранг на натпреварување со забрана за учество во натпреварувачката сезона 2025/2026.
Дополнително, Фудбалската федерација на Македонија ќе ги искористи сите можни механизми да ги наплати наменските средства во износ од 150.000 евра, паричен износ кој Воска Спорт ги доби на 10 април 2025 година преку солидарната шема за тековната сезона 2024/25.