Дербито во Втората фудбалска лига ѝ припадна на Воска, која со трите бода се искачи на второто место на табелата.
На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, Воска благодарение на капитенот Изаир Емини, со 2:1 го совлада Пелистер во рамките на 21-вото коло од Втората фудбалска лига.
Со новите три бода, Воска сега е втора со 50 бода, два помалку од лидерот Вардар, додека Пелистер остана четвртопласиран со 43 бода, пет помалку од Гостивар, кој се наоѓа на позиција која му гарантира бараж за пласман во Првата фудбалска лига.
Резултатот го отвори капитенот на Воска, Изаир Емини во 10-тата минута од слободен удар.
Во 70-тата минута, Емини ја удвои предноста на Воска, а Пелистер во судиското продолжение, со играч помалку, успеа да постигне гол од пенал преку Борче Маневски.