Воска Спорт официјално се повлече од Првата фудбалска лига!

Македонскиот фудбалски клуб Воска Спорт од Охрид и официјално објави дека се повлекува од настапите во Првата македонска фудбалска лига. На пет кола до крајот на сезоната, револтирани од одлуките на Дисциплинската комисија на ФФМ по повлекувањето од теренот на дуелот против Вардар во 28. коло од ПМФЛ, охридскиот прволигаш одлучи да се повлече од натамошното учество во Првата лига.

Ова значи дека Воска Спорт ќе биде префрлена во најнизок ранг на натпреварување, а ривалите во преостанатите пет кола ќе добијат службени бодови.

„Фудбалскиот клуб Воска Спорт одлучи да се повлече од Првата лига. Одлука која доаѓа по неочекувана и неприфатлива одлука на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија, која не осуди со одземање 9 бода, во жежок момент во трката за опстанок, а останаа уште 5 натпревари.

Најновата одлука на ФФМ е кулминација на серија пристрасни одлуки мотивирани од други интереси, каде единствена цел е нашиот неуспех и повлекување од Првата лига.

По тој повод, И ГИ ПОДАРУВАМЕ НА ФЕДЕРАЦИЈАТА ОСТАНАТИТЕ 15 БОДА. Ова веќе не е фер трка. Не само што сме се бореле со противниците на теренот, туку и со судиите, кои без никаква логика носеа одлуки во секој натпревар, туку и против сите фактори кои го наметнаа нашето заминување од фудбалската сцена.

Од почетокот на пролетта, среде сезона, свесни бевме дека постои јасна стратегија да не ослабне и да не се извлечеме од ова првенство. Имаме двојни стандарди, каде за истиот прекршок, другите полесно се казнуваат, но за нас секогаш се одбирани најтешките мерки.

Фудбалската федерација на Македонија дејствуваше како институција која направи сè за да ги фаворизира клубовите кои се поврзани со нивните тесни интереси. Оваа најнова одлука е само уште еден доказ дека во Првата лига организирана од ФФМ нема правда.

Ова раководство на ФФМ не дозволува рамноправна трка за сите учесници во македонското првенство, и покрај кампањата што ја прават за „фер-плеј“. Направија се за да не отстранат од ова првенство, каде единствената причина е, се чини, тоа што сме албански клуб.

Ако ова е фудбалот што го сакаат, тогаш ние не сме подготвени да бидеме дел од него“, се вели во соопштението на ФК Воска Спорт.

- Оглас -

Најнови вести