26.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Воска спорт сериозно размислува за повлекување од Прва лига

Порталот на албански јазик „Спортманиа“, објави дека Воска Спорт ќе се повлече од Првата македонска фудбалска лига и нема да ги игра претстојните мечеви. Таков радикален потег би значел преселба не во втора лига, туку во најнизок ранг на натпреварување во мак-фудбалот.

На Воска ѝ беа одземени девет бода по скандалот со недоигрувањето на натпреварот со Вардар, а сопственикот Нефи Усеини доби двегодишна забрана за бавење со фудбалот, па во клубот се револтирани и сега кога веќе е извесно дека клубот ќе испадне во втора лига, доаѓаат информации за нов можен скандал и комплетно напуштање на лигата од страна на охридскиот клуб.

Воска спорт в понеделник треба да гостува кај Брера во Струмица, а како што стојат работите, одигрувањето на мечот е неизвесно.

- Оглас -

Најнови вести