Вовед во вечното дерби, тепачки меѓу „Делиите“ и „Гробарите“, полицијата апси по улиците во Белград (Фото)

Вечното дерби меѓу Црвена звезда и Партизан кое треба да се игра денеска од 18 часот на стадионот „Рајко Митиќ“, традиционално има вовед во тепачките меѓу навивачките групи.

Навивачите на Црвена звезда и Партизан, популарните „Делии“ и „Гробари“ попладнево пред 173-тото вечно дерби се пресметале низ улиците на Белград и притоа користеле и палки и шипки. Полицијата реагирала и успеала да уапси неколкумина навивачи на двата тима.

 

- Оглас -

Најнови вести