Возачи кои никогаш не биле светски прваци се во преден план за пол-позиција во Саудиска Арабија

Сезонава во Ф1 шампионатот може да биде многу неизвесна и интересна. По првите четири извозени трки, најдобрите четири возачи се во растојание од само 14 бодови. Можеби за некого е изненадувачки, но на водечките две позиции се возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјасти.

Двајцата возачи на Мекларен се одлични, па не случајно и сега, пред квалификациите на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, токму тие двајца се во улога на фаворити за освојување на пол-позицијата. Норис е прв фаворит, а Пјасти е веднаш зад него. Дури потоа следи Макс Верстапен со Ред Бул и Шарл Леклер на Ферари.

Освен за тоа кој ќе ја освои пол-позицијата, има интересни комбинации и за тоа еден возач да биде најбрз во квалификациите и на крајот да победи на трката. Може да се одигра и освојување на пол-позиција, победа на трка и возење на најбрз круг. Тука се и меѓусебните дуели на возачите, кој ќе биде подобропласиран во квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести