Арсенал – Тотенхем (17:30ч – Премиер лига, четврто коло)
Новото коло во Премиер лигата носи возбудливо градско дерби во северниот дел од Лондон. Арсенал пред домашни навивачи го пречекува лутиот ривал Тотенхем, во обид да се заборави разочарувањето против Ливерпул од минатиот викенд. И избраниците на Маурисио Покетино овој меч ќе го искористат како опоравување од шокот од Њукасл, што значи дека битката за бодовои на „Емирати“ ќе биде исклучително возбудлива.
Драмата не е исклучок во ситуации кога се среќаваат екипите на Арсенал и Тотенхем, а ништо помалку не се очекува денес. Последната пресметка на тло на Топчиите, заврши со конечни 4-2 во корист на тимот кој го предводи Унај Емери. Иако Тотенхем лани се радуваше на „Емирати“ во меч од рамки од Луга купот на Англија, во првенствен дуел немаат забележано триумф од 2010 година.
Сепак, она што Арсенал треба да го плаши е фактот што последните 9 од 10 погодоци кои ги примиле во меѓусебните дуели се дело на Хари Кејн, од каде што и денес ќе доаѓа најголемата закана по голот на Лено.
Предлог тип: 1-2I & 1-2II (2.95)
Вилјареал – Реал Мадрид (21ч – Ла Лига, трето коло)
Се чинеше дека со победата во првото коло, Реал ќе воспостави стабилност и ќе најави конкуренција за врвот во Шпанија, но по гостувањето на Валјадолид на „Сантијаго Бернабеу“ Кралевите покажаа дека им останува уште многу за работа. Во потрага по нови бодови, избраниците на Зинедин Зидан ќе се соочат со тимот на Вилјареал, кој сè уште е без позитивен резултат по две кола.
Реал е непоразен во последните четири од вкупно пет гостувања кај Жолтата подморница, но во два меча прими по два гола, што значи дека Вилјареал нема проблем да го најде патот до мрежата на Куртоа. Дополнителни грижи за Зидан се отсуствата на неколку клучни играчи, пред сè новото засилување Еден Азар, но и без него, Реал ќе мора да најде начин како да ги освои трите бода.
Предлог тип: Т22+ & ГГ (2.10)
Лацио – Рома (18ч – Серија А, второ коло)
По вчерашното драматично дерби меѓу Јувентус и Наполи, италијанската Калчо лига за денес чести уште една исклучително возбудлива пресметка меѓу градските ривали Лацио и Рома. Римското дерби е од големо значење за двете екипи, Лацио сака да заниже нов триумф, додека Римската волчица трага по првите три бода по ремито со Џенова во првото коло.
Одамна не се одиграло дерби во кое Лацио бил домаќин, а на мечот и двете екипи ги треселе мрежите. Последен пат тоа се случи во 2016 година, кога Рома славеше со убедливи 4-1 на „Олимпико“ како гостин. Сепак, минатата сезона фудбалерите на Симоне Инзаги го прегазија ривалот со 3-0, што беше како реванширање за разочарувањето претходно.
Предлог тип: 1+I & 2+II (2.35)
Новак Ѓоковиќ – Стен Вавринка (02:30ч – ОП на САД, осминафинале)
Бранителот на титулата во САД засега е неприкосновен кон противниците. Ѓоковиќ нареди три лесни победи со 3-0, а ноќеска ќе се соочи со првиот поголем предизвик на средина од првенството. Вавринка е стар ривал на српскиот тенисер, а последната нивна средба се случи токму на овој Гренд слем, во финалето од 2016 година кога Швајцарецот триумфираше со 3-1 во сетови.
Ѓоковиќ секако, не го заборави тој пораз, па затоа ова е одлична прилика да му се реваншира. Вавринка досега загуби по еден сет во два од трите меча во кои славеше, но тоа и не е некој посебен податок знаејќи дека Ѓоковиќ нема проблеми со ефикасноста.
Предлог тип: 1 & >35.5 гемови (2.30)
Франција – Германија (14:30ч – Светско првенство кошарка, прво коло)
Триколорите треба да тргнат со победа на стартот од Мундобаскетот, без разлика што за прв противник во групната фаза им се падна селекцијата на Германија. На хартија се апсолутни фаворити, а тоа треба да биде повеќе од доволно за Французите да го покажат квалитетот и да потврдат дека заслужено се меѓу фаворитите за освојување на медал.
Осминафиналната пресметка од Евробаскетот во 2017 година која ја добија Германците е последна меѓусебна пресметка со Франција, додека пред тој меч Триколорите бележеа четири последователни победи.
Предлог тип: >151.5 поени (1.95)