6006 Спортинг Лисабон – Манчестер сити (21:00)
Екипата на Спортинг Лисабон веќе 15 натпревари нема пораз во сите натпреварувања, а од нив само еднаш играа нерешено. Последните шест средби ги добија, но на спротивната страна, Манчестер сити е во серија од два пораза, и тоа од Тотенхем и Борнмут. Во меѓусебните дуели играат ефикасно, на два од последните три одиграа 5+.
Предлог тип: 12 & 3+ (1.84)
6007 Борусија Дортмунд – Штурм Грац (21:00)
Борусија Дортмунд има шест бода од три меча во Лигата на шампионите, на кои постигна 12 гола, односно во просек по четири. На спротивната страна од нив вечерва ќе биде Штурм Грац, претставникот на Австрија кој ги загуби сите три меча, па јасно е кој е фаворитот вечерва. Сè освен убедлива победа на Милионерите ќе биде големо изненадување.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.76)
6008 Реал Мадрид – Милан (21:00)
Најзвучната двојка од вечерните дуели во Лигата на шампионите секако дека е пресметката на Реал Мадрид и Милан. Вистинска голеада во која ќе бидат затресени двете мрежи се очекува на „Сантијаго Бернабеу“. На последните три натпревари Реал Мадрид примаше гол, а на последните девет меча само еднаш успеаја да ја сочуваат својата мрежа чиста.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.86)
6003 Ливерпул – Баер Леверкузен (21:00)
Црвените од „Енфилд“ имаат максимални девет бода по три кола во Лигата на шампионите, а сигурно дека оваа серија ќе сакаат да ја продолжат и против Баер Леверкузен. Шампионот на Германија има едно реми и две победи, но на „Енфилд роуд“ фаворитот е Ливерпул. Избраниците на Арне Слот веќе 11 натпревари не знаат за пораз, а имаат само едно реми, и тоа против Арсенал на гости (2-2).
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.40)
6002 Слован Братислава – Динамо Ззагреб (18:45)
Екипата за која настапуваат нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми, Динамо Загреб, веќе собра четири бода во Лигата на шампионите, а вечерва го очекува гостување кај последнопласираната екипа, Слован Братислава. Шампионот на Словачка ги загуби сите три меча и има катастрофална гол-разлика од еден даден и 11 примени гола.
Предлог тип: Х2 & 1+ прво (1.71)