Интересна е понудата во денешниот Супер тип во Sport Life. Првиот меч на којшто може да најдете зголемени коефициенти е од фудбалската понуда во Австралија, и тоа за дуелот меѓу Мелбурн сити и Аделаида сити, каде што домаќинот е фаворит за победа и квотата за кец е 1.97.
Потоа има нови фудбалски возбудувања, дури и од женскиот фудбал, а тука секако се опфатени и најинтересните мечеви од кошарката и хокејот. Во кошаркарската Евролига, Фенербахче дома треба да слави над Виртус, додека Црвена ѕвезда е во улога на фаворит на гостувањето во Берлин против АЛБА.
Полноќните возбудувања од Супертипот речиси секогаш се за спортовите од САД, па така е и овојпат кога има мечеви во НБА и НХЛ, но интересно е дека понудата се затвора со тенискиот дуел меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, кој е дел од Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.