35.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Возеше со преку 200 км на час кога пред него се појави кенгур (Видео)

Само еден дел од секундата фалеше да се случи тешка несреќа на Мото ГП тренингот пред трката за Големата награда на Австралија која ќе се вози викендов. Додека траеше тренингот на моторциклистите, на патеката се појави необично животно.

Валаби кој е од видот кенгури, се појави на патеката и тоа токму во моментите кога поминуваа моторите. Шпанскиот возач Алекс Еспергаро возеше со 218 километри на час и само еден момент фалеше да удри во животното кое поминуваше преку патеката.

https://twitter.com/i/status/1580757616946741249

- Оглас -

Најнови вести