Еден момент на невнимание и прославата на фудбалерот на Галатасарај Омар Елабделауи му се претвори во пекол. Норвешкиот репрезентативец кој некогаш беше член и на Манчестер сити, заврши во болница во Истанбул откако во раката му експлодира огномет.
Од експлозијата, Елабделауи се здобил со тешки повреди на раката и на лицето. Иако е надвор од животна опасност, Елабделауи има сериозни повреди поради кои може да остане и слеп.
Во турските медиуми се појави и фотографија од лицето на Елабделауи по експлозијата која е навистина вознемирувачка, но дефинитивно треба да биде како потсетување дека пиротехничките средства може да бидат многу опасни.