Веста за смртта на еден од најдобри голгетери во историјата на фудбалот, Герд Милер, ги натажи љубителите на фудбалот низ светот, но според тоа што му се случувало на Милер во последно време, може да се каже дека и подобро е што почина.
Милер цели 16 години боледуваше од безмилосната Алцхајмерова болест, а во последните месеци само се чекало кога ќе почине. Според изјава на сопругата, која го посетувала секој ден во болница, последните денови на иконата на германскиот фудбал биле драматични. Таа откри дека Милер во последните 15 дена ниту јадел нешто, ниту пиел. Тој бил под постојана нега од специјалисти, но, секако, призорот воопшто не бил пријатен за сопругата Уши.