Вознемирувачко: Кулибали колабираше на терен и почна да се тресе, лекарите успеаа да го спасат (Видео)

Дуелот меѓу Ал Рајан и Ал Вакрах во првенството на Катар не се доигра, поради еден немил настан. Пред крајот на првото полувреме, гостинскиот играч Усман Кулибали колабираше на теренот, а медицинските екипи брзо реагираа и успеаа да го спасат.

Кулибали падна пред својот гол и веднаш започна да се тресе, што беше шокантно за сите на теренот. Веднаш реагираа лекарите на двата тима и беше започната реанимација.

Неколку минути подоцна, на стадионот во Доха пристигна и Брза помош и интернационалецот од Мали беше пренесен во болница. од клубот Ал Вакрах стигна информација дека Кулибали се чувствува добро, но дека ќе биде задржан во болница на дополнителни прегледи.

https://twitter.com/i/status/1479899442761412613

Поради овој немил настан, фудбалерите на двата тима едноставно не беа во состојба да го продолжат мечот.

- Оглас -

Најнови вести