Вознемирувачко: Му пукна ногата, крв на паркетот, болни извици ечеа во салата (Видео)

Грозната повреда на глуждот на 24-годишниот Девин Канади од Орландо меџик ги засени сите убави моменти кои се случуваа синоќа во НБА -лигата. Канади незгодно падна на паркетот и веднаш почна да вика од болка, а се виде како почнува да му тече крв од глуждот. Мо Бамба со дрес му ја покри ногата и потоа лекарите влетаа на теренот.

Канади играше само една минута и затоа малерот кој му се случи е уште поголем. Тој беше изнесен на носила, а од Орландо потврдија дека Канади има отворена фрактура и ќе мора да биде опериран.

https://www.youtube.com/watch?v=qtNJxAnhK3g

- Оглас -

Најнови вести