Возњацки со солзи се прости од тенисот, публиката во Мелбурн ѝ пееше (Видео)

Поразот од Онс Жабер во третото коло на ОП на Австралија веројатно беше последниот меч во кариерата за данската тенисерка Каролина Возњацки. Тенисерката чиј татко и тренер е Полјак, во 2018 го освои Гренд слемот во Австралија, па затоа таа не можеше да ги запре солзите додека публиката ѝ ја пееше песната „Свит Керолајн“ (слатка Каролина).

Сопругот на Возњацки, некогашниот НБА кошаркар Дејвид Ли, и таткото Пјотр ја придружуваа на терен, а потоа таа направи почесен круг. Каролин има 29 години, но одамна игра тенис како професионалка и има ревматоиден артритис, па поради болеста реши да се повлече. Таа својот последен меч, кој ќе биде ревијален, ќе го игра на 18 мај во Копенхаген против нејзината пријателка Серена Вилијамс.

- Оглас -

Најнови вести