Враќање кон нормалното: Светското ракометно првенство ќе се игра пред полни трибини!

Во новата 2021 година надежта е голема дека постепено ќе се враќаме во нормалниот живот, а знак дека такво нешто е возможно е Светското ракометно првенство, кое во јануари ќе се одржи во Египет.

Египетските власти дадоа зелено светло за отворање на арените за навивачите, што значи дека натпреварите ќе се играат пред полни трибини. Тоа ќе биде првото големо натпреварување во 2021 година во кое ќе присуствува публика.

На планетарниот собир ќе учествуваат 32 репрезентации, Македонија не е меѓу нив, а ќе се одржи од 13 до 31 јануари и ќе се игра во четири градови во Египет. Германија ќе го брани светскиот трон.

- Оглас -

Најнови вести