Врањеш пак си прави проблеми – За „Добре дојдовте во пеколот“ бараат да си оди од Андерлехт

Огњен Врањеш е цел на белгиската фудбалска јавност по една непромислена објава на својот профил на „Твитер“, а од Андерлехт, каде што моментно настапува стоперот на босанската репрезентација, се бара да му врачи отказ.

„Добре дојдовте во пеколот“ напиша Врањеш, со фотографија од дивеењето на хулиганите на АЕК на трибините за  време на вчерашниот меч против Ајакс.

 

По бурните реакции, Врањеш го избришал постот, но гневот на јавноста во Белгија не стивнува.

„Ајде што е лош стопер, ама изгледа дека Врањеш е и лош човек. Дајте му отказ“, е еден од многуте негативни коментари за потегот на играчот на Андерлехт.

Врањеш има настапувано за АЕК, но реакцијата испадна контрапродуктивна за него. И претходно, додека играше во БиХ, стоперот имаше многу проблеми.

Тетоважата на раката со границите на Република Српска го навлече гневот на симпатизерите на репрезентацијата на БиХ, кои не го сакаа во составот на националниот тим, а Врањеш има уште една контроверзна тетоважа со четнички војвода од Втората светска војна.

- Оглас -

Најнови вести