28.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Вратен сребрениот медал на српскиот параолимписки атлетичар

Организаторот на Параолимписките игри во Париз ја прифати жалбата на српската делегација и му го врати сребрениот медал на атлетичарот Небојша Џуриќ во дисциплината фрлање ѓуле.

Тој во петокот со резултат од 19,98 метри го освои второто место, но судиите по завршувањето на натпреварот одлучија да го дисквалификуваат поради несоодветна опрема, односно инвалидска количка.

Ваквата одлука крена голема прашина кај нашиот северен сосед, но денес правдата е задоволена и на Џуриќ му е вратен сребрениот медал.

- Оглас -

Најнови вести