Фоторепортерите на весникот „Билд“ на трибините на „Алијанц арената“ во Минхен фатија еден момент кој ќе биде тема за која ќе се зборува деновиве и тоа не само во Германија.
На стадионот на Баерн Минхен со месеци нема публика, па таму почна да расте трева и да никнуваат растенија високи и до еден метар.
Ова шокираше многумина. Билката која порасна помеѓу два реда седишта, достигна висина од еден метар и несфатливо е како луѓето задолжени за одржување на стадионот дозволија ваков пропуст.