21.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Вредеше 100 милиои евра, а сега едноставно никој не го сака

На полноќ заврши преодниот рок за екипите кои се натпреваруваат во Топ 5 лигите во Европа. Доколку некој клуб сега сака да доведе играч, ќе мора да чека до почетокот на 2026 година, односно кога ќе започне зимскиот преоден рок.

Пред крајот на преодниот рок, италијанскиот калчолигаш Комо реши да го раскине договорот со Деле Али. Искусниот 29-годишен напаѓач доби слободни документи и сега може да бара нов клуб.

Со оглед на тоа дека трансфер-периодот уште важи во Турција и на Блискиот Исток, се очекува Али таму да ја бара среќата за нов клуб. Али во Комо остана само неколку месеци откако дојде во калчолигашот по раскинувањето на договорот со Евертон.

Не толку одамна, Али беше еден од најдобрите играчи во Англија и ѕвезда во подем. Додека играше во Тотенхем, во 2018 година неговата вредност на Трансфермаркет изнесуваше неверојатни 100 милиони евра. Во дресот на Тотенхем, Али одигра 269 натпревари, во кои постигна 67 гола, а имаше и 59 асистенции. Беше стандарден првотимец, но во 2019 година почна да има проблеми со повредите и никако не успеа да се врати во старата форма.

Овој играч, кој пред неколку години вредеше 100 милиони евра, сега е без клуб и сигурно нема да игра во Топ 5 лигите сезонава.

- Оглас -

Најнови вести