26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Вредеше чекањето: Џејдон Санчо е пред потпис со Баерн Минхен!

Манчестер јунајтед не смета на услугите на Џејдон Санчо, а Англичанецот долго беше поврзуван со трансфер во Рома, пред и официјално да биде објавено дека до таков трансфер нема да дојде.

Дваесет и петгодишното лево крило беше испраќан на позајмици во Борусија Дортмунд и Челзи, но се чини дека чекањето на крајот ќе му се исплати. Според информациите од германските медиуми, Баерн Минхен подготвува понуда за Санчо, а со оглед на тоа дека неговиот договор истекува следното лето, цената нема да биде висока.

Санчо во моментов вреди „само“ 28 милиони евра, што е далеку од неговата рекордна вредност од 130 милиони евра, но Баварците би го добиле и за пониска цена од оваа.

- Оглас -

Најнови вести