Вредеше да се чека 11 дена за најголемото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул што се одигра вечерва од втор обид и заврши со победа на гостите на „Олд Трафорд“ со 4:2.
На втори мај навивачите на Црвените ѓаволи со упад на храмот на фудбалот не дозволија да се игра и вечерва имаше обид, но неуспешен, па дербито меѓу двете најтрофејни екипи во Англија се одигра со многу атрактивна фудбалска претстава.
Манчестер јунајтед поведе со 18-ти гол на Бруно Фернандеш, но потоа следуваше серија од три погодоци на Ливерпул.
https://twitter.com/F1avs/status/1392924490913435654?s=20
Првиот што го постигна Диого Жота со петица беше и најатрактивниот потег на дербито.
https://twitter.com/footballfan4ev1/status/1392930917090570244?s=20
Потоа Боби Фирмино со два гола донесе комплетен пресврт и значајна победа за Ливерпул во битката за позиции што водат во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/tylerra0/status/1392934355526463490?s=20
Маркус Рашфорд беше стрелец на вториот гол за домаќините во 68-мата минута, а Мохамед Салах со погодок во финишот ги постави конечните 4:2 за Ливерпул.
Манчестер јунајтед сигурно ќе игра во Лигата на шампионите, а го чека и финале во Лигата на Европа против Вилјареал на 26 мај во Гдањск.
Ливерпул со меч помалку е на петтото место со 60 бода на две кола до крајот на Премиер лигата.