Левиот бек на Лајпциг, Давид Раум, игра одлична сезона во германската Бундеслига, а веќе има стандардно место и во националната селекција предвоедна од Јулијан Нагелсман.
Вредноста на Раум во моментов е 20 милиони евра, но и покрај тоа, тој настапува и како диџеј во ноќните клубови и дискотеките во Лајпциг.
„Фокусот и понатаму ми е на фудбалот, тука нема сомнеж. Се надевам дека ќе имам уште многу добри сезони, но по завршувањето на кариерата се замислувам во светот на музиката и ќе продолжам да работам како диџеј“, вели Раум.
Сепак, Германецот настапува само во деновите кога нема тренинзи или по победите, како што беше случај по победата на Германија од 6-0 над Словачка и потврдата на учеството на Светското првенство 2026, кога настапи на приватна забава во Лајпциг.

