Кошаркарската репрезентација на Македонија ги продолжува натпреварите во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Катар, а следна на менито е селекцијата на Унгарија.
Мечот во Солнок ќе биде вистинско искушение за избраниците на Марјан Илиевски, гостување на кое не сме успевале да победиме и кога сме имале и далеку посилна репрезентација.
Македонија и Унгарија низ историјата имаат одиграно осум квалификациски натпревари, на четирите домашни имаме три победи и еден пораз, додека на гостувањата три порази и една победа. Сепак, трите гостински порази се минимални, со два или три поени разлика, а тоа значи дека конечно е време за победа, која носи и фантастична квота од 7.75 во понудата на Sport Life.