Новиот премиерлигаш Брентфорд е вистински пример за успех со одличната стратегија, која го доведе клубот до елитниот ранг на натпреварување во Англија и патем му донесе одличен ќар со продажба на фудбалери во последните шест години.
Ланската сезона конечно за првпат успеаа да стасаат до промоција во Премиерлигата и засега добро им оди со освоени 23 бода на 14. место по 21 одигран меч.
Вечерва ќе играат против гигантот Манчестер јунајтед, а за популарните Пчели има интересен податок дека во последните шест години само од продажба на фудбалери заработија 152 милиони фунти.
[@SwissRamble] Brentford have sold players costing £22m for £174m in the last six years from soccer
Во овој период продадоа нешто повеќе од 20 фудбалери за кои платија 22,4 милиони фунти, а со нивна продажба инкасираа одлична сума од 173,7 милиони фунти.
Најмногу заработија на Оли Воткинс, играч што го купија од Екстер сити за 6,3 милиони фунти, а и го продадоа на Астон Вила за 30,6 милиони фунти.