Мобилниот телефон „ајфон 11“ уште го чека својот нов сопственик во бесплатната игра на Спортска прогноза на Sport Life. Среќна 13-ка, односно 13 погодени мечеви се потребни за да се стигне до вредниот подарок што ќе го добие оној што ќе има перфектно коло.
Во тековното 21-во коло има мечеви од вкупно шест европски првенства, и тоа Англија, Шпанија, Италија, Франција, Германија и Холандија. Секогаш интересни се дуелите на Арсенал и Манчестер јунајтед, а прогнозерите засега предност даваат на Црвените ѓаволи.
Во германското дерби Лајпциг дома е со поголеми шанси за победа во дуелот со Баер Леверкузен, додека Аталанта во Бергамо да го победи Лацио, очекуваат дури 70 отсто од досега направените прогнози. Еден од најлесните парови треба да биде победата на Ливерпул на гости кај Вест хем, но Спортска прогноза многупати досега потврдила дека може да се случат и неочекувани резултати.
Освен „ајфон 11“ за Среќна 13-ка, подароци има и за оние кои би имале по 12 или 11 погодоци. За 12 погодоци следува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека ако имате две промашени, вредносниот ваучер од Sport Life изнесува 500 денари.