Време е да се прекине „постот“, време е за прва радост на младите Рисови

Младата репрезентација на Македонија денеска од 15:00 часот гостува кај Фарски Острови, во меч од групата „Х“ во рамките на третото квалификациско коло за Европското првенство.

Рисовите, кои по две одиграни кола имаат нерешен резултат со Србија (0:0), односно пораз од Франција (3:0), ќе атакуваат на првата победа во овие квалификации.

Загрижувачки е фактот дека 180 минути немаме дадено гол, па затоа денеска имаме шанса да го прекинеме овој „пост“ и да освоиме три бода.

Иако селекторот Драган Канатларовски нема да може да смета на услугите на неколку членови, сепак и овој тим што го имаме на располагање не би требало да има проблеми да ги запише трите бода против Фараните.

Метју Божиновски и Стефан Чолаковски поради административни причини, односно задолжителен карантин поради ковид-19, не допатуваа од Австралија, а поради повреда ги нема Агон Елези и Енис Фазлагиќ, па затоа дополнителен повик доби Иван Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести