Време е Лејкерси да влезат во победничка серија

8422 Лос Анџелес лејкерс – Вашингтон визардс (04:30 часот)

Како што одминува сезоната, црвеното светло свети сè посилно во тимот од Лос Анџелес. Леброн Џејмс и друштвото не играат во посакуван ритам и во моментов се на деветтото место на Западот со четири порази од последните пет средби.

Победа над Вашингтон пред своите навивачи е одличен начин да се влезе во победничка серија пред завршницата од регуларниот дел на сезоната.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

8370 Девин Букер (Феникс санс – Торонто репторс, 03:00 часот)

Девин Букер има нова одлична сезона и веќе со Феникс се пласираа во плејофот од НБА-лигата. Сепак, тоа не значи дека ќе следува опуштање во формата, туку напротив, целта е да се задржи врвот на Западот.

Во отсуство на Крис Пол, Букер ќе ја преземе одговорноста, а во оваа сезона тој бележи просек од 25,6 поени по натпревар, колку што е и вечерашната граница, за која сметаме дека лесно ќе биде надмината.

Предлог тип: Девин Букер >25.5 (1.90)

 

8414 Хјустон рокетс – Далас маверикс (02:00 часот)

Хјустон е веќе во „аут“ сезонава и полека се собираат впечатоците, како и се што треба да се подобри преку трејдови, но и со квалитетни тренинзи.

Последниот тим на Западот ќе се соочи со Лука Дончиќ и Далас, на коишто им е потребна победа за да котираат високо во борбата за плејофот. За очекување е лесен и огромен триумф на тимот од Тексас, за кого ова би било 41 победа сезонава.

Предлог тип: 2 со хендикеп, -10.5 (1.94)

 

8413 Мајами хит – Кливленд кавалирс (02:00 часот)

„Жешките“ се лидери на Истокот, додека по неколкугодишна пауза и Кливленд игра добро и е во самиот врв. Отсуството на Џими Батлер ќе се осети во редовите кај Мајами, додека кај гостите нема да играат Колин Секстон и Џеред Ален.

На последните две средби, Мајами постигнува мал број поени против Кливленд (94, односно 85 поени), а такво нешто се очекува и овојпат, а тоа е, пред сè, поради тоа што ќе бидат без најдобриот играч.

Предлог тип: Т1<110.5 (1.83)

 

Атланта хокс – Лос Анџелес клиперс (01:30 часот)

Кога игра Атланта, никогаш не е досадно. Тре Јанг и Богдан Богдановиќ знаат да приредат шоу, па така би требало да биде и против Клиперси.

Кавај Ленард нема да настапи и вечерва, ама денови се во прашање кога ќе биде назад на теренот, додека за Пол Џорџ постои мала веројатност дека ќе го видиме на паркетот, но и тој е под знак прашалник поради повреда на лакотот.

Победа им е потребна и на двете екипи, коишто во моментов се позиционирани на места коишто носат во дополнителниот плејин-турнир.

Предлог тип: >225.5 (1.94)

 

- Оглас -

Најнови вести