Време е Милан да постигне барем еден гол, Лацио атакува на три бода

6012 Порто – Антверпен (21 ч.)

Пред две недели Порто беше убедлив на гости кај Антверпен и победи со 4:1, па сега пред своите навивачи треба да ја потврди разликата во класи. Порто изненадувачки загуби во последното коло од домашното првенство дома, но овој дуел е многу поважен, може да е и решавачки за Порто да обезбеди место во нокаут-фазата.

За Антверпен успех е што воопшто е дел од групната фаза од елитното европско натпреварување.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.70)

 

6016 Лацио – Феенорд (21 ч.)

Феенорд дома го победи Лацио со 3:1 и сега е лидер на табелата, но Лацио, кој е само трет, заостанува само два бода и сега со победа на „Олимпико“, италијанскиот тим ќе биде на посакувано место што води во нокаут-фазата.

Овие две екипи играа и минатата сезона во Лигата на Европа и тогаш Феенорд дома победи (1:0), а Лацио во Рим беше подобар со 4:2, па сигурно и сега небесносините ќе атакуваат на трите бода.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

6011 Милан – ПСЖ (21 ч.)

Милан има очаен настап во ЛШ и по три кола, нема дадено ниту еден гол, но сепак има два бода и уште е во игра барем за второто место во групата. Пари Сен Жермен е во одлична форма и има пет победи по ред во сите натпреварувања, па сигурно ќе се обиде тоа да го продолжи и на „Сан Сиро“.

Еуфоријата и домашниот терен треба да му дадат дополнителна сила на Милан уште во првото полувреме да ја прекине лошата низа без постигнат гол во ЛШ сезонава.

Предлог тип: Т1 1+I (2.17)

 

6009 Борусија Дортмунд – Њукасл (18:45 ч.)

Неверојатен беше дуелот пред две недели во Англија, кога Њукасл напаѓаше, а Борусија победи со 1:0. Ова може да е клучен меч за двата тима бидејќи тој што ќе победи, ќе биде на чекор од место во нокаут-фазата.

Двата тима играат офанзивен фудбал, сигурно ќе нема калкулации и нема да има толку промашувања како на нивната прва пресметка.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)

 

1011 Ротерам – Ипсвич (21 ч.)

Ипсвич заедно со Лестер се двата тима кои се најголеми кандидати за влез во Премиер лига за следната сезона. По 14 кола, Ипсвич има 11 победи и само еден пораз, плус две нерешени и со 31 постигнат гол го има најдобриот напад.

Од друга страна, Ротерам е во зоната за испаѓање од Чемпионшип само со 10 бода, па иако игра на домашен терен, би било успех ако не загуби. Офанзивната игра на Ипсвич е најава дека ќе има погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

- Оглас -

Најнови вести