6001 Бриж – Манчестер сити (18:45 ч.)
Белгискиот тим игра одлично во ЛШ, иако според тоа во која група е, малку кој веруваше дека ќе освои и некој бод. Бриж прво дома го задржа ПСЖ на 1:1, а потоа на гости го победи Лајпциг. Сега голем предизвик ќе биде да одигра на исто ниво и против Манчестер сити.
Овие два клуба немаат играно меѓу себе, а фудбалерите на Бриж се оптимисти, посебно поради добрата форма во која се наоѓаат. Имаат само еден пораз во последните 15 дуели во сите натпреварувања. Сепак, Манчестер сити треба да е тим кој ја научил лекцијата од тоа што ПСЖ киксираше на овој терен, па максимално подготвено да влезе во следните 90 минути. Граѓаните едностано не смеат да си дозволат кикс.
Предлог тип: 2-2&3+ (2.40)
Интер – Шериф Тираспољ (21 ч.)
Неверојатно е дека Шериф е тимот со максимални шест бода, а Интер само со еден поен во пресрет на дуелот на „Џузепе Меаца“. Шериф е екипа која во последните 19 дуели во сите натпреварувања има 16 победи и само три нерешени без пораз. Фактот дека го победи и Реал во Мадрид покажува дека Интер мора да биде внимателен.
Нераѕурите веќе двапати киксираа и веќе едноставно немаат право на грешка. Доколку вечерва италијанскиот првак не победи, многу сигурно ќе биде дека нема да влезе во нокаут-фазата од ЛШ, што значи дека ова е меч да се биде или не за нив. Тренерот Симоне Инѕаги е оптимист, но Нераѕурите едноставно мора да ја подобрат играта во одбраната затоа што на последните девет меча примија дури 12 погодоци.
Предлог тип: 1&2-4 (1.91)
6004 Порто – Милан (21 ч.)
Долг е списокот на отсутни играчи кај Милан, што е дополнителен проблем пред гостувањето кај Порто. Двете екипи се во подредена состојба во групата затоа што Порто е само со еден бод, а Росонерите немаа ниту еден бод досега.
За Милан е штета што е без бодови, ако се знае дека водеше на полувреме и против Ливерпул и против Атлетико Мадрид, но на крајот губеше. Овие екипи играле дури деветпати во Европа, а тоа што е карактеристично е дека тешко паѓаат голови. Дури шестпати било од 0-1 гол, а само двапати имало 3+ ситуација.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.75)
6007 Ајакс – Борусија Д. (21 ч.)
Меч кој „плаче“ да се одигра на голови затоа што двете екипи негуваат офанзивен фудбал. Ајакс на последните 15 меча дал вкупно 47 гола (повеќе од три по меч), а Борусија во последните 15 дуели се израдувала на 32 погодоци.
Ова ќе биде и борба за првото место во групата, ако се знае дека двете екипи се перфектни со по шест бода, што е дополнителен знак дека ќе играат без многу притисок и може да има добар фудбал на „Амстердам арената“.
Предлог тип: ГГ3+ (1.68)
6006 Шахтар – Реал Мадрид (21 ч.)
Реал ја научи лекцијата од Шериф и сега нема да дозволи нов неуспех во ЛШ. Иако Кралевите ќе бидат без Бејл, Карвахал, Себалјос, Азар, Иско и Јовиќ, не би требало да имаат многу проблеми на ова гостување.
Шахтар е тим кој минатата сезона ги доби двата меча против Реал, што е дополнителен мотив за гостите да не киксираат. Три од последните четири дуели на овие екипи завршувале барем со по четири погодоци, па и сега може да биде богато со голови.
Предлог тип: 4+ (2.55)