Време е Рома да победи, на останатите мечеви домаќините ќе бидат главни

1604 Емполи – Рома (20:45 ч.)

Емполи како да е претплатен за нерешени мечеви на стартот од сезоната, па има четири реми во првите пет кола. Во овие пет кола, тимот дури четири пати играл со комбинација 0-2 гола, што е најава дека главен приоритет им е да се одбранат.

Рома добро ја почна сезоната, но тимот на Жозе Мурињо сега врза два порази по ред, па ако има и трет меч неуспех, ќе биде алармантно за Римската волчица. Традицијата вели дека Рома има пет победи во низа против Емполи, а во последните 12 меѓусебни дуели скорот е девет победи за тимот од Рим и три нерешени.

Предлог тип: 2 (1.86) Квота од Супер тип

 

1309 Алмерија – Осасуна (21 ч.)

Алмерија е тим кој влезе од Втора лига и сигурно главна цел ќе биде да обезбеди опстанок во елитата. На последниот меч на домашен терен ја победија Севилја со 2:1 што дава дополнителен елан за домашните фанови пред мечот со Осасуна. На три од четирите средби, Алмерија одигра ГГ, а и Осасуна е екипа која сака да нападне, без разлика што ќе игра на гостински терен, па затоа може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.20)

 

2806 Виборг – Хорсенс (19 ч.)

Виборг е единствениот тим во Данска што има перфектен биланс на свој терен и во четири меча освои 12 бодови, па и вечерва е фаворит за освојување на трите бода. Хорсенс игра „бункер“ посебно на гости каде во четири средби има гол разлика од еден даден и само два примени гола.

Сепак кога се работи за меѓусебните дуели на овие два тима, головите не фалат. На пет од последните шест средби било барем со 3+ голови.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.83)

 

2840 ФЦСБ – Волунтари (20 ч.)

Екипата на ФЦСБ има неверојатно згуснат распоред, па во последниот месец дена ова ќе биде осми меч за нив. Токму поради тоа, ФЦСБ има лош старт во првенството и има само една победа во седум меча во романското првенство.

Волунтери е екипа која нема победа шест кола, а реално гостите тешко може да се надеваат дека во Букурешт може да си заминат непоразени.

Предлог тип: 1-1 (2.35)

 

2608 Гетеборг – Хелсинборг (19:10 ч.)

Гетеборг е тим кој по 21 одиграно коло покажува дека има амбиции за излез во Европа, додека Хелсинборг има очајни резултати и со само 14 освоени бода е во зоната на испаѓање.

Хелсинборг е и еден од омилените ривали на Гетеборг затоа што во последните 15 меѓусебни дуели билансот е 12 победи и три нерешени во корист на Гетеборг.

Предлог тип: T1 1+ I & T1 1+II (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести